Во Тајмиште да се гради и фабрика за железо

Bez autora
May 08 2012

И покрај тоа што една индиска, две турски и две домашни компании беа во трка за добивање на концесија за рудникот Тајмиште, владата одлучи тендерот чиј рок беше до 4 мај годинава да го поништи и наскоро да објави нов, во којшто ќе се воведе услов покрај понудената цена, инвеститорот да има обврска веднаш до рудникот да изгради фабрика за преработка на железо. Владините министри сметаат дека со дополнувањето на јавниот оглас ќе се овозможи покрај експлоатацијата на рудата и нејзиниот извоз, да се реализира и нејзина преработка. Во првите три години во фабриката што ќе се изгради би се вработиле околу 2.000 работници, со што значително ќе се подобри состојбата со вработувањето во регионот.

Во Тајмиште да се гради и фабрика за железоИ покрај тоа што една индиска, две турски и две домашни компании беа во трка за добивање на концесија за рудникот Тајмиште, владата одлучи тендерот чиј рок беше до 4 мај годинава да го поништи и наскоро да објави нов, во којшто ќе се воведе услов покрај понудената цена, инвеститорот да има обврска веднаш до рудникот да изгради фабрика за преработка на железо.

Владините министри сметаат дека со дополнувањето на јавниот оглас ќе се овозможи покрај експлоатацијата на рудата и нејзиниот извоз, да се реализира и нејзина преработка.

Според Ваљон Сараќини, министер за економија, во првите три години во фабриката што ќе се изгради би се вработиле околу 2.000 работници, со што значително ќе се подобри состојбата со вработувањето во регионот.

Од Министерството за економија не прецизираат кога точно ќе се објави тендерот, но велат дека во моментов се готви тендерската документација и се бираат членовите на тендерската комисија.

Интерес за рудникот покажал и најбогатиот човек на светот, мексиканскиот милијардер Карлос Слим, како и компании од Русија, Бразил и Холандија.

Тајмиште не функционира повеќе од 15 години. Проценките се дека со 150-те милиони тони високо квалитетна железна руда идниот газда без проблеми би можел да работи 30 години и покрај резервите кои гарантираат сигурна експлоатација од 100 години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik